18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗнаци дека вашиот телефон ве шпионира: Веднаш извадете ја батеријата ако ви...

Знаци дека вашиот телефон ве шпионира: Веднаш извадете ја батеријата ако ви се случува ова! (видео)

mobilni-telefoni-foto-beta-1397651891-480969

Штетниот софтвер презема контрола над процесот на исклучување на телефонот и создава впечаток дека уредот се исклучува. Се гледаат анимации, екранот се зацрнува, но телефонот всушност и понатаму работи.

Се појави нов и проблематичен android malware кој може да им ѕвони на контактите од вашиот именик или да фотографира дури и ако уредот е исклучен, предупредува компанијата за сигурносни истражувања AVG.

За да успее во тоа, штетниот софтвер ја презема контролата над процесот на исклучување на телефонот и создава впечаток дека уредот се исклучува. Се гледаат анимации, екранот зацрнува, но всушност телефонот и понатаму работи. Во таа состојба, malware-от може да испраќа пораки, да им ѕвони на контактите и да фотографира, па така во принцип станува уред кој ве шпионира.

AVG објави некои делови од шифрата на оваа технолошка закана по име Android/PowerOffHijack. Овој malware може да влијае на сите телефони со инсталирана верзија на android под 5.0.

Досега се заразени нешто повеќе од 10.000 мобилни телефони, главно во Кина, каде што за првпат се појавил.

Најновите антивирусни програми на AVG можат да ја неутрализираат оваа закана, но компанијата и понатаму им препорачува на корисниците да ја извадат батеријата за да бидат сигурни дека телефонот навистина се исклучил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП