4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБи сакал да останам во Металург

Би сакал да останам во Металург

lino

Трофејниот тренер Лино Червар не ја исклучува можноста и по завршувањето на сезоната да остане на клупата на Металург.

Хрватскиот стратег нагласи дека доколку клубот застане на здрави нозе тој е подготвен да остане во Скопје.

„Јас не се предавам се обидувам да помогнам. Работиме и би сакал да бидам дел од таа приказна. Сакам да го пренесам знаењето на овие млади играчи и да создадеме услови ракометна Македонија да добие нова генерација на играчи, која во иднина со оние кои играат во странство и кои се искусни и квалитетни да бидат нова сила на македонскиот ракомет. Доколку така се одвиваат работите ќе бидам многу среќен“, рече Червар.

Тренерот на Металург рече дека ги следи резултатите и настапите на поранешните играчи на клубот и дека му е особено драго што Липовина, Борозан, Миркуловски, Манасков и Станиќ го нашле своето место во најсилната лига на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП