21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит под притисок од падот на цената на нафтата

Волстрит под притисок од падот на цената на нафтата

wall

Берзанските индекси Dow Jones и S&P 500 благо паднаа во четвртокот на Волстрит бидејќи поради падот на цената на нафтата под притисок се најде енергетскиот сектор, додека Nasdaq достигна рекордно ниво за последните 15 години.

Dow Jones ослабна во четвртокот за 0,24 отсто, на 17.985 поени, S&P 500 се намали за 0,11 отсто, на 2.097 поени, додека Nasdaq зајакна, пак, за 0,37 отсто, на 4.924 поени, ново највисоко ниво од 2000 година.

Најмногу вчера, за 0,8 отсто, падна цената на акцијата на енергетскиот сектор, при што Exxon Mobil поевтини за 1,7 отсто, што е последица на дводневниот пад на цената на нафтата. За два дена нафтата поевтини за 3,7 отсто.

Притисокот врз цената на црното злато уследи по податокот на EIA (Energy Information Administration) дека во минатата недела залихите во САД скокнале за 7,7 милиони барели на рекордни 425 милиони барели, што е веќе шеста недела по ред како достигнуваат рекордно ниво.

 

 

 

На американската берза цената на барелот вчера падна за еден долар, на 51,15 долари, додека на лоноднската берза падна за 30 центи, на 60,20 долари.

 

 

 

Остро вчера, за над 3 отсто, падна цената на акцијата на Wal-Mart, откако најголемиот американски трговски синџир најави зголемување на платите и ја намали проценката за раст на продажбата во оваа година.

 

 

 

Сепак, повеќето американски компании оствариле подобар од очекуваниот резултат во последното тромесечје од минатата година.

 

 

 

И додека добивките на нафтените компании се под притисок поради падот на цената на нафтата, повеќето останати сектори бележат добри резултати, па берзанските индекси имаат широка поддршка, велат аналитичарите. Од почетокот на годината S&P 500 индексот е во плус 1,9 отсто.

 

 

 

Растот на Nasdaq индексот на највисоко ниво во 15 години се должи на добрите деловни резултати на технолошките компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП