21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДосега најбрзиот продукциски Lotus: Evora 400 (фото)

Досега најбрзиот продукциски Lotus: Evora 400 (фото)

evora

„Lotus“ го претстави најмоќниот и најбрзиот сериски модел во историјата. Ова е новата модификација на „Evora“, која го добила додатокот 400 кон името. Таа се разликува не само по својот моќен мотор, но и по лесната каросерија и целосно преработениот ентериер.

Новиот „Lotus Evora 400“ може да се пофали со 6-цилиндричен турбо мотор со зафатнина од 3,5-литри, кој развива моќност од 406 КС. Тој работи во комбинација, како со 6-брзински мануелен менувач, така и со автоматски менувач со ист број на брзини.

evora1

Благодарение на овој агрегат, возилото забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,1 секунди, а максималната брзина му е фиксна на 300 км/ч. Треба да се напомене дека при модификација „Evora S“ со истиот мотор има 350 КС.

За сериозните спортски можности на автомобилот не помага само моторот, но и намалувањето на тежината. Верзијата на „Evora 400“ со рачен менувач има самоблокирачки диференцијал, помоќни сопирачки механизми и лесни 19-инчни тркала.

evora2

Освен тоа каросерија има нови браници и масивно антикрило. Во внатрешноста постои нов панел за инструменти, целосно модернизирана централна конзола и различен волан. Исто така од „Lotus“ значително го подобрија квалитетот на материјалите.

Производството на новата верзија на „Lotus Evora“ ќе стартува во текот на летото, а се очекува првите примероци да бидат на располагање на дилерите на брендот на крајот на август.

evora3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП