26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle забележа пад на продажбата во 2014-та година

Nestle забележа пад на продажбата во 2014-та година

neki

Најголемиот производител на храна во светот по приходи, „Nestlé“, продолжува да се бори со слаб раст и неизвесната корисничка доверба во развиените пазари во Европа и слабиот раст во Азија, пишува „Bloomberg“.

Општо земено приходите на „Nestlé“ минатата година се намалија за 1,7% или до 91,6 милијарди франци. Податоците ги надмина очекувањата за 91,43 милијарди франци.

Швајцарската компанија објави дека нето добивката во 2014-та година е зголемена за 45% до 14,5 милијарди швајцарски франци (15,41 милијарди долари) наспроти 10,02 милијарди франци една година порано.

Добивката беше потпомогната од продажбата на дел од уделот на „Nestlé“ во француската козметичка компанија „L’Oréal“. Тоа ги надмина очекувањата на аналитичарите за 10,3 милијарди франци.

Компанијата забележа раст од 4,5% на органските продажби, што го намали ефектот од превземања и валутни промени. Ова е втора година по ред во која „Nestlé“ не постигнува одамна поставената цел за 5-6% органски раст.

„Nestlé“ е производител на популарните чоколади „KitKat“ и инстант кафето „Nescafe“, како и на голем број брендови, како супите Maggi и чоколадото „LZ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП