6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube воведува нова услуга за музички содржини со месечна претплата

YouTube воведува нова услуга за музички содржини со месечна претплата

key youtube

Сервисот на „Gооgle“ за размена на видео материјали „YouTube“ се подготвува за неколку месеци да ја воведе долгонајавуваната и очекувана услуга „YouTube Music Key“, за којашто би се плаќал месечен надомест, изјави Роберт Кинкл, шеф на одделот за онлајн видео содржини и деловни операции.

Бета верзијата во моментов се тестира и е достапна по барање, изјави Кинкл на конференцијата „Code/Media“ која се одржува во Калифорнија.

„Постои група слушатели кои сакат дополнителни содржини, па се навикнаа и да платат за неа. Не мислам дека со тоа нешто ќе се промени за сегашните корисници“, рече еден од челниците на „YouTube“.

Од „Google“ ланскиот ноември објавија дека месечната претплата за споменатата услуга без огласувања ќе изнесува 7,99 американски долари, а на корисниците ќе им овозможува гледање видеа онлајн и слушање музика покрај паралелно активни други апликации.

Планот ќе претставува значајна промена за овој водечки светски онлајн видео ресурс, чии бесплатни видео содржини, неретко се проследени и со куси реклами, привлекуваат повеќе од милијарда корисници месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП