6 јули, 2025
ПочетнаКУЛТУРАСпомен-домот на Тоше Проески ja доби наградата за архитектура „Милан Злоковиќ“

Спомен-домот на Тоше Проески ja доби наградата за архитектура „Милан Злоковиќ“

spomen kuka tose

Идејното решение за Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево ја доби архитектонската награда „Милан Злоковиќ“ за најдобро архитектонско дело во регионот.

Признанието за капиталната инвестиција на Владата и на Министерството за култура ќе биде доделено в петок во Белград, во рамките на годишната изложба на Асоцијацијата на српски архитекти, од меѓународно жири составено од претседателите на сите балкански асоцијации на архитекти.

Проектантското биро „Синдикат студио“, кое е автор на идејното решение на „Спомен-домот на Тоше Проески“, наградата ја дели со романските колеги кои се автори на проектот за „Станбен комплекс во Букурешт“, кој е номиниран и за Европската награда за архитектура „Mies van der Rohe”. Жирито доделило и признанија за квалитетно архитектонско дело на авторите од Хрватска, Црна Гора и од Србија.

„Спомен-домот посветен на македонската музичка икона Тоше Проески, изграден на Гумење во Крушево, е една од повеќето капитални инвестиции што ги реализираше Владата на Република Македонија и Министерството за култура во изминатиот период. Овој објект, со кој на достоинствен начин е одбележан споменот за оваа наша музичка легенда, досега го имаат посетено повеќе од 200.000 посетители“, соопштуваат од Министерството за култура.

Во 2011-та година Спомен-домот ја освои и престижната награда „Peoples choice aword“ за најдобро архитектонско дело на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона во конкуренција на 704 објекти од целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар