17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot го откри новиот 208 (фото)

Peugeot го откри новиот 208 (фото)

208gtline

Француската компанија „Peugeot“ ја откри обновената верзија на хечбекот „208“, чија светска премиера ќе се одржи на авто-саемот во Женева. Ова возило кое е најдобро продаваниот модел на „Peugeot“, доби модернизиран изглед, нови спортски верзии, повеќе модерна опрема и нови мотори.

Што се однесува до дизајнот, тој доминира со изострени форми, а се гледа поширока решетка на ладилникот, нови фарови со „LED“ дел, „3D LED“ задни светла, бандажи со различен дизајн, дополнителни хромирани елементи и друго.

Ентериерот на возилото е модернизиран со помош на нови материјали од повисок квалитет, хромирани елементи на вратите, нов лост за префрлување на брзините и целосно „LED“ осветлување. Повисоките нивоа на опрема располагаат со спектакуларен „LED“ прстени околу аналогните мерни инструменти. Меѓу технологијата во кабината е и новиот инфо-систем со 7-инчен екран на допир и „MirrorScreen“ која прави можен трансфер на екранот на смартфонот на екранот во возилото.

208gtline2

Подобрени се и можностите за персонализација, меѓу кои присуствува и спортскиот пакет „GT Line“, искористен е голем дел од опремата на „GTi“.

Новина во палетата е моделот „GTi by PEUGEOT Sport“ (аналогно со „GTi 30th Anniversary“). Тој нуди сеопфатен пакет на опрема, вклучувајќи помала суспензија, 18-инчни тркала, мат црни екстериерни детали, спортски седишта, двобоен екстериер, „Brembo“ предни сопирачки, „Torsen“ диференцијал со ограничено лизгање и специфични подесувања на суспензијата и управувачкиот столб, „Michelin Pilot Super Sport“ гуми и друго.

Меѓу системите за безбедност на автомобилот присуствуваат „Park Assist“ (активен систем, овозможувајќи паркирањето на возилото, како и автоматски излез од паркинг), „Active City Brake“ (автоматски прекин во населени места, кога ќе се појави ризик од судир), камера за возење наназад и друго.

208gtline1

Палетата на мотори вклучува само агрегати со Евро6 стандардот. Дизелите се од серијата „BlueHDi“ и се нудат со 75, 100 или 120 КС, а во атмосферата испуштаат под 95 g/km штетни „CO2“ емисии.

Кај бензинските присуствуваат 3-цилиндрични „PureTech“ агрегати кои нудат 68, 82 или 110 КС, како и најмоќните 1.6-литарски мотори со 165 и 208 КС, последниот употребен во верзијата „GTi“.

Достапен е и новиот 6-брзински автоматски менувач „EAT6“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП