6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИУникатни смартфони за кои не сте слушнале (фото)

Уникатни смартфони за кои не сте слушнале (фото)

uni tele nas

Само пред две години имињата на производители на смартфони како „Xiaomi“, „Blu“ и „THL“ беа непознати за пошироката публика.

Но денес работите стојат далеку поразлично, а овие компании кои произведуваат уреди со оперативниот систем „Android“, се радуваат на се поголемата популарност. Причината – далеку пониските цени кои го поддржуваат.

Еве некои слабо познати производители и нивните уреди кои се одликуваат со уникатни карактеристики:

„Sharp Aquos Crystal X“

uni tele nas1

Јапонскиот производител на електроника не асоцира со производството на паметни телефони. Но претставениот модел во изминатата година, сепак цели да го промени тоа. Главната карактеристика на смартфонот се исклучително тенките граници на екранот, како и неговиот дизајн. Во однос на техничките карактеристики, тој е со 5.5-инчен екран со резолуција од 1080×1920 пиксели, „quad-core“ процесор „Snapdragon 801“ со фреквенција од 2.3 гигахерци, 2 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија, 12.8 мегапиксели задна камера и батерија со капацитет од 2.610 mAh. Сето ова се нуди за сума од 194 долари.

„Fairphone“

uni tele nas2

За производството на овој смартфон се користат еколошки материјали, а особено внимание се посветува на разумните плати на вработените со неговото составување, како и на добриот однос кон нив. Инаку смартфонот не се одликува со којзнае какви карактеристики во однос на хардверските. Располага со 4.3-инчен екран со резолуција од 960×540 пиксели, „quad-core“ процесор од „MediaTek“, 1GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија, 8-мегапикселна камера. Смартфонот чини 384.44 долари, што станува збор за двегодишен договор. Велика Британија е едно од ретките места на кои може да се купи.

„Lumigon T2 HD“

uni tele nas3

Овој малку познат модел доаѓа од данска компанија. Тој се карактеризира со „издржливоста“, која е втората причина барана од корисниците при нивниот избор на смартфон. Уредот се произведува од „нерѓосувачки челик“,а дисплејот му е „Gorilla Glass 3“. Дизајнот е различен од оној на другите уреди и располага со уникатен полнач. Во однос на техничките карактеристики, смартфонот е со 4.3-инчен екран со резолуција од 720 пиксели, процесор „Snapdragon S4 Pro“, 2 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна и 13-мегапикселна камера. Цената му е 545.23 долари.

„Desay Magical Mirror X5“

uni tele nas4

Една од најголемите новитети во светот на паметните телефони се дисплејите со сафири, кои ветуваат дека ќе ги штитат од гребење. Кинескиот производител „Desay“ се посвети токму на тоа. Моделот „Magical Mirror X5“ е со дисплеј од сафир, а тоа е негова главна карактеристика. Инаку тој е со релативно маргинали технички параметри – 5-инчен екран со резолуција од 720 пиксели, процесор од „MediaTek“, 1 GB RAM меморија, 16 GB внатрешна меморија, 13-мегапикселна камера и батерија од 2.050 mAh. Цената му е 160 долари.

„Pantech Vega Iron 2“

uni tele nas5

Кога станува збор за јужнокорејски производител, луѓето обично мислат за компании како „LG“ и „Samsung“. Еден помалку познат играч на пазарот е „Pantech“. Моделот „Pantech Iron Vega 2“ е со дизајн кој многу наликува на оној на моделите на „Samsung“ – „Galaxy Alpha“ и „Note 4“. Оние кои би ја обвиниле компанијата за плагијат сепак, би требало да знаат дека моделот се појавува околу два месеци пред излегувањето на најпопуларните модели на „Samsung“. Една од најкарактеристичните црти е маталното тело на смартфонот. Инаку тој располага со 5.3-инчен екран со резолуција од 1080 пиксели, процесор „Snapdragon 801“, 3 GB RAM меморија, 13-мегапикселна камера, батерија од 3.220 mAh. Цената на моделот е 564.49 долари.

„THL 5000“

uni tele nas6

Издржливоста на батеријата е една од најбараните карактеристики кај паметните телефони. Токму на ова посвети и кинескиот производител „THL“. Како што е јасно од името на моделот, батеријата е со капацитет од 5.000 mAh. Според производителот батеријата издржува до 47 часа разговор и до 30 часа работа во 3G мрежите. Во однос на останатите негови технички карактеристики, тој е со 5-инчен дисплеј со резолуција од 1.080 пиксели, 2 GB RAM меморија, 16 GB внатрешна меморија и 13-мегапикселна камера. Цената на моделот е 259.99 долари.

„Saygus V2“

uni tele nas7

Единственоста на овој паметен телефон е во тоа што нуди два слота за „SD“ картички кои можат да обезбедат простор од 128 GB. Одделно тој располага со внатрешна меморија од 64 GB, со што вкупниот капацитет на складирање на податоци изнесува 320 GB. Претставен на саемот за електроника во Лас Вегас на почетокот на оваа година, моделот со карбонско куќиште предизвика значителен интерес. Во однос на техничките карактеристики, смартфонот има 5-инчен екран со резолуција од 1080 пиксели, процесор „Snapdragon 801“, 3 GB RAM меморија, 20.7 мегапиксели задна и 13-мегапикселна предна камера, батерија со капацитет од 3.100 mAh. Цената му е 599 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП