
Прв фотографии од обновената верзија на моделот „Sharan“ ги откри германската компанија „Volkswagen“. Ова возило ќе се појави пред публика во почетокот на следниот месец, а неговата продажба ќе стартува во јули.


Прв фотографии од обновената верзија на моделот „Sharan“ ги откри германската компанија „Volkswagen“. Ова возило ќе се појави пред публика во почетокот на следниот месец, а неговата продажба ќе стартува во јули.
Германската компанија го подложи моделот на сосема мали промени, што влијае претежно на првите светла. Сега тие имаат „LED“ секција. Позади промените се слични, а во палетата се појавиле нови бандажи „Jakarat“, како и две нови бои за екстериерот – „Hudson Bay Blue Metallic“ и „Crimson Red Metallic“.

Главната новина во кабината се последните инфо-забавни системи на „Volkswagen“, кои ги поддржуваат „Apple CarPlay“ и „Android Auto“. Клиентите ќе можат да избираат меѓу двата такви системи – со 5.0-инчен или со 6.5-инчен дисплеј, а последната може да биде заменета со навигација.
Најголемите промени кај обновениот „Sharan“ се под хаубата. Во палетата на мотори влегуваат два бензински и три дизел мотори, сите ги покриваат нормите на Евро 6.

Бензинските се 1.4-литарски TSI со 150 КС и 2.0-литарски TSI со 220 КС. Дизелите генерираат 115, 150 или 184 КС, а овој со 150 КС може да биде опремен со системот „4MOTION“.
Новости има и меѓу системите за безбедност. Реновираниот „Sharan“ може да биде опремен со адаптивен автопилот, автоматска рачна сопирачка, систем за следење на „мртвите“ зони, систем кој минимализира штетата при евентуален судир и друго.

Новиот „Volkswagen Sharan“ ќе се појави најнапред во Германија – во април. На останатите европски пазари моделот ќе биде достапен од месец јули.