17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ во дербито славеше над Работнички

МЗТ во дербито славеше над Работнички

gecevski

МЗТ го совлада Работнички со 78:71 (11:11, 28:17, 14:25, 25:18) во дерби натпреварот од 13-то коло во домашното кошаркарско првенство.

Актуелниот првак заслужено славеше во 126-то „вечно дерби“, добивајќи ги втората и четвртата четвртина која се покажа и клучна за конечниот резултат.

Првиот период во кој двата тима ја бараа својата игра заврши нерешено, а третата четвртина ја доби Работнички.

МЗТ во дербито целосно го натскока противникот и имаше подобра реализација на ударите за два поени. „Металците“ имаа 42 скока (29/13), или 11 повеќе од Работнички (18/13).

Предраг Самарџиски со 14 поени и 11 скокови го предводеше МЗТ до победата, а двоцифрен учинок имаа уште Лучиќ (14 поени, 6 скока, 4 асистенции), Симоновски (4 поени), Цветковиќ (11 поени, 7 скока).

Во редовите на Работнички ‘дабл-дабл’ учинок оставри ветеранот Тодор Гечевски (15 пеони, 11 скокови), најефикасен беше Чековски со 19 поени, а по 10 поени уфрлија Мираковски и Соколов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП