Мобилната апликација „Snapchat“ веќе е третата најскапо оценета приватна компанија, според аналитичарите.
Компанијата бара финансирање од 500 милиони долари, при проценки меѓу 16 и 19 милијарди долари, според наведените извори.
Доколку ги собере средствата, компанијата со седиште во Лос Анџелес, ќе стане третата најскапо оценета приватна компанија – по кинескиот производител на паметни телефони – „Xiaomi“, проценет на 45 милијарди долари и апликацијата „Uber“, вредна 40 милијарди долари, според „CB Insights“.
Инвестициите во приватните компании достигнаа во изминатата година 86 милијарди долари, благодарение на зголемувањето на капиталот од „Uber“ и „Xiaomi“.
Компанијата „Snapchat“ беше проценета на 10 милијарди долари во август минатата година, според податоците на „Dow Jones“. Некои од првичните инвеститори во компанијата вклучувајќи ги и имиња како „Benchmark“, „Lightspeed Venture Partners“ и „Kleiner Perkins Caufield & Byers“.
Популарната апликација им овозможува на корисниците да праќаат слики и видео снимки кои исчезнуваат по одреден временски период. Таа доби исклучителна популарност во последните две години. Бројот на уникатни посетители на апликацијата се зголеми за 44% од јануари месец минатата година, според податоците на „Comscore“.