28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПромена во Управниот одбор на Шпаркасе Банка

Промена во Управниот одбор на Шпаркасе Банка

dimitar

Досегашниот член на Управниот одбор, г-ѓа Александра Радиќ заминува на друга менаџерска позиција во Групацијата Ерсте и Шпаркасе. Г-дин Дамир Иваштиновиќ номиниран за член на Управниот одбор одговорен за ризици и операции.

По три години на позицијата Член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, одговорна за управување со ризици, г-ѓа Александра Радиќ одлучи да ја продолжи кариерата во рамките на Групацијата Ерсте и Шпаркасе. Почнувајќи од 01.05.2015 година, г-ѓа Радиќ ќе ја преземе позицијата Член на Управниот одбор одговорен за управување со ризици и финансии во Ерсте Банка Црна Гора – една од најуспешните членки на Групацијата во регионот.

“Јас сум искрено благодарен на г-ѓа Радиќ за клучниот придонес кој што го даде во процесот на трансформација и репозиционирање на Шпаркасе Банка Македонија како една од водечките финансиски институции во земјата. Во претходните три години, таа го водеше воспоставувањето на функцијата високо-професионално управување со ризици, следејќи ги најдобрите меѓународни и групациски практики и одигра централна улога во креирањето на интерна култура и фокусирање на проактивност и перфекција. Со својата детална експертиза и посветеност на работата, г-ѓа Радиќ е ефикасен Член на Управниот одбор одговорен за ризици во Шпаркасе Банка Македонија, но и значаен чинител во управувањето со ризици во финансискиот сектор во Република Македонија. На крајот, но не и помалку важно, јас особено ја ценам нејзината мобилност и посветеност кон нашите операции во регионот – таа е еден од ретките примери на врвни менаџери во нашата Групација кои комбинираат темелна експертиза и детално познавање на регионот во целина. Јас сум сигурен дека успехот кој го оствари во Шпаркасе Банка Македонија ќе го постигне и на новата позиција“, изјави Сава Далбоков, Претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија и Член на Управниот одбор одговорен за меѓународни операции во Штаермеркише Шпаркасе АГ Грац, матичната банка на Шпаркасе Банка Македонија.

dimitar

За наследник на г-ѓа Радиќ на функцијата Член на Управниот одбор во Шпаркасе Банка Македонија по 01.05.2015, номиниран е г-дин Дамир Иваштиновиќ, кој ќе биде одговорен за управувањето со ризици, ИТ и организација, процесирање, спречување перење пари и правната служба. Г-нот Иваштиновиќ во изминатите девет години извршувал повеќе менаџерски должности во рамките на групацијата Штаермеркише Шпаркасе, како во седиштето на Групацијата во Грац, така и во други делови од регионот. Од март 2012 година, г-динот Иваштиновиќ е на позицијата Директор на Секторот Управување со ризици во Шпаркасе Банка Македонија, ангажман во кој значително придонесе за зајакнување на квалитетот на ризици, како и на целокупната позиција на Банката.

“Јас сум убеден дека г-дин Иваштиновиќ водејќи ги функциите ризици и операции ќе обезбеди стабилност и континуитет во успешниот развој на Шпаркасе Банка Македонија. Тој внесува експертско знаење, познавање на пазарот и високо конструктивен став – комбинација која што ги содржи клучните состојки за ефективна поддршка на континуираното напредување на Банката. Му посакувам многу успех, во очекување на успешна соработка и во иднина”, изјави Далбоков.

Именувањата на новите членови во управните одбори во Ерсте Банка Црна Гора и Шпаркасе Банка Македонија се предмет на вообичаени интерни и регулаторни одобрувања, пред се согласности од централните банки и на Република Македонија и на Република Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП