19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVivendi доби понуда од 4.5 милијарди долари за својот удел во Numericable-SFR

Vivendi доби понуда од 4.5 милијарди долари за својот удел во Numericable-SFR

vivendi 24

„Vivendi“ добила понуда за својот 20 процентен удел во „Numericable-SFR“ од 3.9 милијарди евра (4.5 милијарди долари). Понудата е од самата кабелска компанија и од „Altice France“, соопштува „Bloomberg“.

Од компанијата „Vivendi“ соопштија дека ќе ја разгледаат понудата од 40 евра по акција во наредните денови, објавија од седиште на компанијата во Париз. Понудата е за 19% под вчерашната цена на акциите при затворањето на трговијата.

„Numericable-SFR“ би откупил половина, како дел од програмата за откуп на акции. Другиот дел би била купена од „Altice France“, ако дојде до договор, изјавија од „Vivendi“.

Акциите на „Numericable-SFR“ поевтинија за 0,2% или 49.33 евра во вторникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП