5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Watch – за почеток 5 милиони примероци

Apple Watch – за почеток 5 милиони примероци

watch apple 24

Добавувачите на „Apple“ од Далечниот исток добиле нарачка за производство меѓу 5 и 6 милиони примероци на уредот „Apple Watch“ во текот на првиот квартал од оваа година.

Тоа значи дека оваа бројка на уреди ќе биде достапна за продажба во април, сметаат од компанијата во Купертино. Претходно се шпекулираше дека кварталната продажба ќе биде помала од 3 милиони примероци, но најверојатно компанијата во меѓувреме ги ревидираше своите предвидувања.

Половина од нарачаните „Apple Watch“ примероци се од најевтиниот модел кој ќе чини околу 349 долари.

Најскапата верзија, „Edition“, изработена од злато, засега ќе се произведува во значително помала количина, додека за вториот квартал од продажбата се очекува производство на преку милион примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП