4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанасков: Тажно е ова што се случува со Металург

Манасков: Тажно е ова што се случува со Металург

dejan-manaskov-gol-615x400

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е еден од многуте играчи кои сезонава го напуштија тимот на Металург.

Репрезентативното лево крило по Светското првенство во Катар се пресели во Бундеслигата во тимот на Вецлар, каде што настапува неговиот поранешен соиграч од Металург, Владан Липовина.

Манасков за Вецлар дебитираше со четири гола во победата над Хамбург. Иако има само 22 години Манасков е стандарден член на македонската репрезентација, а со Металург четири сезони играше во Лигата на шампионите.

Во интервјуто за „handball-world.com“ тој говори за случувањата во Металург, за својот татко прославениот Пепи Манасков, за идните планови.

„Мојот татко Пепи Манасков професионално играше ракомет. Јас сум роден во Кретеј, Франција, а кога имав две години се преселивме во Хамлен каде мојот татко играше четири години. Таму одев во градинка и очигледно не сум го заборавил германскиот јазик“.

За одлуката по сите случувања во Металург да се пресели во Вецлар вели дека ја донел со својот менаџер и дека не се консултирал со својот поранешен соиграч Владан липовина.

„Мојот менаџер Андреј Голиќ ги направи контактите. По враќањето од Катар се преселив во Вецлар“, рекол Манасков.

Неизбежна тема за разговор секако дека се и случувањата во Металург, каде што левото крило ја започна својата кариера.

„Досега само голманот и левото крило не го напуштија клубот. Ситуацијата беше многу тешка пет месеци немавме добиено плата. Сега во екипата се играчи од вториот тим, меѓу нив е и мојот брат. Последните месеци во Металург не беа лесни и тажно е се она што му се случи на клубот. Јас таму стигнав кога имав 15 години, седум години играв за Металург, станав член на националниот тим играв во Лигата на шампионите“.

Кога станува збор за иднината Манасков вели дека сака да одигра добра полусезона и да ужива во натпреварите во Бундеслигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП