5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на милијардерите во светот на рекордно ниво

Бројот на милијардерите во светот на рекордно ниво

bogati

Бројот на милијардерите во светот се зголемил за 7 отсто во периодот од 2013 до 2014 година до 2.325 луѓе, а најмногу од нив живеат во Њујорк, покажува истражувањето на експертите на  бизнис порталот Wealth-X.

Како што се истакнува во заклучоците од споменатото истражување чии резултати бeа објавени во вторникот на интернет страницата CNN Money, четвртина од сите милијардери живеат во САД, и притоа 35 отсто од најбогатите луѓе во светот живеат во 20 градови. Најпопуларен меѓу најбогатите и натаму е Њујорк, каде што живеат 103 милијардери, на второ место се проби руската престолнина Москва со 85 милијардери, а на трето место е Хонгконг, каде што живеат 82, претежно кинески милијардери.

Истражувањето, исто така, покажува дека речиси 90 отсто од милијардерите мажи самите целосно или делумно го заработиле своето богатство. Меѓу жените, коишто на споменатата листа ги има само 286, повеќе од 65 проценти своето богатство го стекнале како наследство.

Портретот на просечниот милијардер, направен според собраните податоци, изгледа – тој е на возраст од 63 години, неговото богатство изнесува приближно три милијарди американски долари, од кои првата милијарда ја заработил во педесеттите години од животот. Притоа, 90 отсто од милијардерите се женети и во просек имаат по две деца.

Според податоците на Wealth-X, 35 проценти од милијардерите немаат завршено високо образование. Меѓу оние кои го заокружиле своето образование со факултетска диплома, најмногу студирале на универзитетите Пенсилванија, Харвард, Јеил, на Универзитетот во Мумбаи и на Московскиот државен универзитет.

Истражувањето открива и дека само една третина од милијардерите основале добротворни фондации, а еден од триесет има во сопственост спортски клуб или ергела за расни тркачки коњи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП