3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродолжува брендот Vaio! Во најава се два нови лаптопи

Продолжува брендот Vaio! Во најава се два нови лаптопи

vaio z

Откако минатата година „Sony“ го продаде „Vaio“ на јапонската компанија „Japan Industrial Partners“, брендот не згасна, туку веќе собира пари за да продолжи таму каде што „Sony“ застана.

Како резултат на тоа „JIP“ најави дека за оваа година подготвуваат два нови „Vaio“ лаптопи кои на пазарот ќе бидат познати како „VAIO Z“ и „VAIO Z Canvas“.

Според информациите до кои дојде интернет страната „übergizmo“, можеме да видиме дека „VAIO Z“ ќе биде член на „ultabook“ семејството и ќе работи на „Intel Core i5“ и „Core i7“ процесорите. Лаптопот ќе има 13.3-инчен екран со голема резолуција од 2560 x 1440 пиксели, работна меморија од 8 GB, oдносно, 16 GB, простор за чување на податоци од 256/512 GB SSD, како и импресивна батерија која ќе нуди до 16 часа непрекината работа.

vaio z1

Исто така со купувањето на овој модел воедно ќе добиете и таблет, но не како дополнителен уред или опрема, туку „VAIO Z“ лаптопот ќе може да се преклопи и со тоа се претвора во таблет. Што се однесува до цената, таа би требало да изнесува околу 1.600 долари.

Другиот модел, кој исто така оваа година ќе се појави на пазарот, е „VAIO Z Canvas“ и кој ќе се одликува со димензии за нешто помал екран од 12.3-инчи. Но покрај помалите димензии, моќта нема да недостасува, затоа што истиот ќе се испорачува исклучиво со „Intel Core i7“ процесори. Што се однесува до дизајнот ова е 2 во 1 уред (може да се одвои тастатурата) со која ќе добиете и „Stylus“ кој ќе ви биде од корист кога ќе го користите како таблет. Се очекува овој уред да има претставување во мај оваа година и да се продава по цена од 1.800 долари.

За жал засега не е познато дали „VAIO“ овие лаптопи ќе ги нуди и надвор од домашниот (јапонскиот) пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП