
Поранешниот ракометар на Металург, Наумче Мојсовски, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Катар, во екипата на Лахвија.


Поранешниот ракометар на Металург, Наумче Мојсовски, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Катар, во екипата на Лахвија.
Мојсовски по раскинувањето на договорот со Металург беше поврзуван со Цеље и Гепинген, но по се изгледа понудата од Катар била финансиски најконкретна.
Мојсовски во катарскиот тим ќе настапува заедно со својот колега од Металург и репрезентацијата на Македонија, Ренато Вугринец.
Двајцата ракометари во Лахвија ќе играат до крајот на сезоната. Катарското првенство започнува на 25-ти февруари.