9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСите комуникациски потреби на корисниците на едно место

Сите комуникациски потреби на корисниците на едно место

aag

Денес, Вип ја претстави својата нова понуда, во која за првпат, во еден пакет се вклучени мобилна и фиксна телефонија, телевизија и супер брз интернет. 

На тој начин, корисниците на едно место ќе можат да ги задоволат сите свои комуникациски потреби, ќе имаат една точка за контакт и една сметка за сите комуникациски услуги со најдобра вредност.

akk

За корисниците достапни се три пакети Вип Комбо С, Вип Комбо М и Вип Комбо Л, кои вклучуваат фиксна телефонска линија со неограничена комуникација кон сите фиксни мрежи и кон мрежата на Вип, неограничена мобилна комуникација за една, две или три мобилни претплати во зависност од одбраниот пакет, неограничен супер брз интернет со брзини од 30 Мбпс/2 Мбпс, 50 Мбпс/3 Мбпс и150 Мбпс/5 Мбпс соодветно, како и телевизија со вклучени до 90 канали/8 ХДканали воВип Комбо С, до 120 канали/19 ХДканали на два ТВ приемници во Вип КомбоM, и до 150 канали/23 ХДканали на три ТВ приемници воВип КомбоЛ. Пакетите вклучуваат целосни квалитетни забавни содржини за сите членови на семејството со неограничена комуникација и дома и во движење. Месечните претплати за Вип Комбо С, Вип КомбоM иВип КомбоЛ изнесуваат 1.699 денари, 2.399 денари и 2.999 денари. Корисниците кои ќе одберат Вип КомбоM иВип Комбо Л до 31. март 2015 година ќе добијат промотивна понуда,во којамесечната претплата за првите шест месеци изнесува 1.699 денари односно 2.399денари.

Понудата е достапна за сите постпејд резиденцијални и деловни корисници за склучен договор на 24 месеци во сите продажни места на Вип. Мобилните услуги се целосно обезбедени од страна на Вип, додека фиксната телефонија, интернетот и телевизијата се поддржани од Близу. Понудата за четири пакетирани услуги е достапна во сите градови каде што Близу има техничка можност. Достапноста на услугите може да се провери во продажните места на Вип, како и во контакт центарот на бројот 077 1234, а наскоро ќе може да се провери и на веб страницата на Вип www.vip.mk.

– Повторно, слушајќи ги барањата на корисниците, создадовме едноставна понуда која ги вклучува сите потреби за комуникација и забава на корисниците. Силно веруваме дека им нудиме повеќе на корисниците, повеќе вредност, повеќе комуникација, повеќе забава, кога се во движење или во нивните домови, а според нивните потреби – и во секоја соба. Докажавме дека на корисниците им нудиме најдобра корисничка грижа и искуство во мобилната телефонија, каде имаме 4Г ЛТЕ мрежа со најголема покриеност во Макеоднија, а со нашиот партнер Близу одиме чекор понатаму. – изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.

aad

– Со аквизицијата на Близу, Телеком Австрија Групацијата ја проширува, и на македонскиот пазар, својата стратегија и визија за свет во кој корисничките потреби ќе евoлуираат кон конвергентни услуги. На овој продукт работевме интензивно неколку месеци и горди сме што на македонските корисници можеме да им го понудиме најдоброто од мобилните и фиксните услуги. Дополнително, овој производ го гледаме и како чекор нанапред во однос на повторното свртување кон раст, со оглед на фактот дека, за жал, растот во сегментот на мобилни комуникации го губи здивот. Уверени сме дека корисниците ќе препознаат одлична вредност во нашиот нов продукт, резултат на посветена работа на тимовите на Вип и Близу.  – истакна Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип.

aag

Оваа понуда е прва конвергентна понуда на Вип оператор во соработка со Близу Македонија. Телеком Австрија Групацијата, која веќе го имаше Вип оператор, на крајот на јули 2014 година го купи Близу Македонија. Услугите на Близу во моментот се достапни во Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип и Прилеп, и постојано се работи на проширување на покриеноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП