1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPure Jet Red Gold e новиот член на серијата Signature Touch на...

Pure Jet Red Gold e новиот член на серијата Signature Touch на Vertu (фото)

pure

Британската компанија „Vertu“, позната по луксузните и скапи мобилни уреди, го претстави својот нов уред од серијата „Signature Touch“.

Станува збор за моделот „Pure Jet Red Gold“ чие куќиште е изработено од титаниум со додаток на висококвалитетна кожа која потекнува од неименувани европски алпски краеви. Копчињата за глас и „power“ копчето се збогатени со детали од црвено злато.

pure1

Што се однесува до спецификациите на телефонот, тој доаѓа со 4.7-инчен „Full HD“ екран изработен од сафирни кристали, „Snapdragon 801“ со четири „Krait 400 CPU“ јадра на такт од 2,3 GHz, 2 GB RAM и 64 GB слободен простор за чување на податоци без можност да вградување на „microSD“ картичка.

Задната камера има 13-мегапиксели, „Hasselblad“ сертификат, автофокус и „dual LED“ блиц, додека предната камера е од 2.1-мегапиксели. Батеријата има капацитет од 2275 mAh, oперативниот систем е „Android 4.4.2 KitKat“, a квалитетот на звукот е дополнително подобрен благодарејќи на вградената „Bang & Olufsen“ технологија.

pure2

За целиот споменат луксуз заинтересираните купувачи ќе треба да одвојат околу 22.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП