6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнува LG G4, но ќе го избегне натпреварувањето со Samsung?

Пристигнува LG G4, но ќе го избегне натпреварувањето со Samsung?

g4 lg 25

Голем е бројот на оние кои се нетрпение го очекуваат претставувањето на моделот „LG G4“. Меѓутоа, најверојатно и покрај најавите дека телефонот ќе се појави за време на саемот „MWC 2015“, сепак тоа нема да се случи. Па така, за жал, овој смартфон нема да се појави во Барселона.

Сега се појавија информации дека „LG G4“ можеме да го очекуваме во втората половина од 2015-та година, а според објавите на медиумите во Кореја, тоа би требало да се случи во април.

Се споменува дека од „LG“ одлучиле да ја прескокнат премиерата на „MWC“, а причината е за тоа што несакаат да се натпреваруваат со „Samsung“, кој во Барселона би требало да го претстави својот нов „Galaxy S6“ смартфон.

Наместо тоа, „LG“ ќе го искористи ова време за дополнително да го усоврши својот смартфон. Досегашните гласини споменуваа дека „LG G4“ ќе има „Snapdragon 810“, 3GB RAM, 16MP камера и 3K дисплеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП