18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.02.2015

Дневен хороскоп 17.02.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Уверени сте дека имате повеќе непријатели отколку што изгледа. Астролошкото поле на тајни непријатели е оптоварено со Венера и Mарс кои само што не навлегле во вашиот знак поради што многумина навистина не се искрени со вас, но не за да не ви наштетат, туку себеси да се заштитат од нервозите кои ќе настанат доколку ви кажат некои нешта.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Очекувате поддршка од влијателни лица, но малку повеќе од еден Јарец или некоја Шкорпија, немате баш многу добри пријатели на кои можете да им ги доверите вашите проблеми. Не навлегувајте во непотребни расправии бидејќи е нагласено астролошкото поле на јавноста и тајните непријатели.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Соберете ги сите сили и останете продуктивни. Запомнете, без разлика колку бавно напредувате и колку грешки правите, вие секогаш ќе бидете чекор понапред од оние кои воопшто не се обидуваат да мрднат од место. Мотивирајте се, разговарајте со вашите соработници и побарајте поддршка, внимавајте на парите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Одлични дневни перформанси во смисла на работата, на помагање на другите, контакти со личности кои на некој начин зависат од вас, ви се наклонети или имаат некаква потреба од ваша услуга, особено ако тоа ви е занимање. Како и да е, може да имате многу причини за веселост и расположеност поради остварувањата во денот, многу благодарност од другите кон вас, а и голема можност за добар профит.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Родените во последната декада треба особено да бидат внимателни во работењето со некои Близнаци, Девица, Шкорпија, бидејќи Меркур, планетата која управува со бизнисот е многу предизвикувачки поставена кон вашето Сонце. Не треба претерано да се возбудувате ако некој ве провоцира за некое ново работно место или за односот со вашите колеги на работа. Некој Јарец ќе ви подаде рака за помирување.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе се чувствувате посамоуверено и ќе бидете горди на својот успех. Посегнете по тоа што го сакате, без разлика колку застрашувачки изгледа тоа. Денес ќе бидете интуитивни и елоквентни. Ова е денот кога на најдобар начин можете ја презентирате вашата одлична идеја и кога слободно можете да го грабнете мегафонот за сите да ги слушнат вашите размислувања.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Планирате нешта што се премногу убави за да станат реалност. Обидете се да го поправите незадоволството од актуелните случувања на вистинскиот начин. Поради недостиг од енергија и умор, исцрпени сте, па повеќе одморајте се и мирно чекајте ги вашите пет минути. Само со мудрост може да ја совладате кризата.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Очигледни се промашувањата на емотивен план како последица на погрешни процени, но затоа периодот ви е поволен за уметност. Доколку она што ви задава проблеми на материјален план го пренасочите на духовен и на филозофски план, ќе постигнете рамнотежа и ќе бидете задоволни. Инспирацијата ви е нагласена, па не дозволувајте да остане неискористена.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Наредните денови ве очекуваат дополнителни активности, од кои во меѓувреме се одвикнавте. Сето внимание е насочено кон тоа да ги исполните што поодговорно и поуспешно. Деловните обврски ви помагаат да ги санирате финансиските катастрофи кои ви се случија. Во овој период ќе инвестирате во нешто за кое не сте сигурни дека е безбедно, внимавајте на потезите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Некоја порака која ќе ја добиете во утринските часови ќе предизвика нервоза кај вас. Ќе бидете во ситуација во која ќе се двоумите околу нешто или некого. Треба да се одлучите за една варијанта и притоа нешто да изгубите. Сакате целосно да успеете во тоа, што е невозможно. Се тешите со помислата дека за што и да се одлучите, нема да изгубите, а и мала промена нема да ви наштети. Имате неочекувани случки.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Успешната тимска соработка, внатрешната хармонија, но и со околината носат пријатен и успешен ден. Бидејќи среќата ве следи на љубовен план, не оптоварувајте се со ситници, туку обидете се да се олабавите и да уживате. И покрај се, не ви е лесно, бидејќи се наоѓате во фаза на важни животни промени и одлуки.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Разменувајте идеи со лице од женски пол, без оглед дали сте маж или жена. Ви се укажува одлична можност за патување. Бидејќи сте материјалистички настроени, пресметајте како ќе профитирате од тоа. Не грижете се, ќе успеете, иако ви се случува често да инвестирате во погрешни лица и работи. Нервозни сте поради преокупираноста на партнерот со работа. Помалку озборувајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП