
Оперативниот систем на „Гугл“ Андроид 5.0 Лолипоп има помалку проблеми со стабилноста од оперативниот систем на „Епл“ иОС 8.


Оперативниот систем на „Гугл“ Андроид 5.0 Лолипоп има помалку проблеми со стабилноста од оперативниот систем на „Епл“ иОС 8.
Според податоците на компанијата „Критерцизм“ Епл иОС 8 „паѓа“ во 2,2 отсто од случаите, додека Андроид 5.0 Лолипоп откажува во 2 проценти од случаите.
Иако, разликата е мала за забележителни проблеми во пракса, резултатите се изненадувачки со оглед на тоа дека Андроид традиционално е помалку доверлив оперативен систем од иОС.
Истражувањето, исто така, покажува дека иОС 8 е понестабилен од својот претходник иОС 7, кој „откажувал“ во 1,9 проценти случаи.
Истовремено, Гугл го подобрил својот систем, додека претходните верзии КитКат и Ајс КримСендвич имаат процент на откажување од 2,6 отсто.