29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСнежен град 2015 од среда до недела на Попова Шапка

Снежен град 2015 од среда до недела на Попова Шапка

grad

Традиционалната манифестација Снежен град годинава ќе се одржи на терените на Попова Шапка во хотелот „Славија –ЕЛЕМ“ од средa до недела, односно од 18-ти до 22-ри февруари, додека пропратната манифестација Снежен карван ќе се одвива во периодот од 22-ри до 28-ми февраури.

Снежниот град и годинава ќе го градат деца, ученици од основните училишта од Скопје, како и од други градови во земјата.

Сите тие се екипирани по десетина деца со свој ментор и ќе го изградат својот град кој во неделата на 22-ри февруари со свечено отворање во 11,00 часот ќе го предадат на посетителите со што започнува вториот дел на манифестацијата – Снежниот карван.

Во рамките на манифестацијата се одржуваат и други активности од креативно-рекреативен карактер, како избор на Снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг ,билијард, рачен фудбал и пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и, се разбира забава, во дискотека за учесниците на Снежниот град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП