6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia Lumia 520 веќе се нуди за 29 долари

Nokia Lumia 520 веќе се нуди за 29 долари

lumi 3

Најпопуларниот „Windows“ паметен телефон во историјата – „Nokia Lumia 520“ е уште подостапен за сите заинтересирани.

Силната продажба на овој модел во последната една година во голема мера се препишува на неговата ниска цена. Отсега смартфонот може да биде купен на сајтот „eBay“ само за 29 долари. Тоа е попуст за речиси 70% во однос на претходната продажна цена од 100 долари.

Смартфонот е со оперативен систем „Windows Phone 8.1“, а од „Microsoft“ ветија дека ќе најдат начин следната верзија „Windows 10“ да бидат достапна и за моделите „Lumia“ од пониската класа.

Уредот „Lumia 520“ се одликува со 4-инчен дисплеј со резолуција 480 x 800 пиксели, „dual-core“ процесор „Snapdragon S4 Plus“ со фреквенција од „1 GHz“. Смартфонот е со RAM меморија од 512 мегабајти, како и внатрешна во износ од 8 GB, која може да се прошири со картичка до 64 GB. Камерата му е 5 мегапикселна, а батеријата е со капацитет од 1430mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП