4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФизичка тастатура на „touchscreen“ (видео)

Физичка тастатура на „touchscreen“ (видео)

tast fiz

Aмериканската компанија „Phorm“ го претстави своето единствено куќиште за „iPad“ и „iPhone“ уредите кое ги збогатува со физичка тастатура на самиот екран.

Phorm“ куќиштето има заштита за екранот на која со технологијата „Microfluidics“ може по потреба да се добијат испакнати места каде на чувствителниот екран, инаку се наоѓаат виртуелни копчиња. На овој начин корисникот има чувство исто како да користи физичка тастатура.

За работа на „Phorm“ не е потребна дополнителна апликација, ниту софтверско поврзување со уредот, а конфертабилна е со „iOS“, „Swiftkey“, „Swype“ и „Fleksy“ тастатурите. За работа дури не му е потребна ниту батерија, а се што корисникот треба да стори за да ги вклучи неговите физички копчиња е да го помести големиот прекинувач на задната страна на куќиштето.

Овој едноставен додаток може веќе да се нарача по цена од 99 долари за „iPad mini“, додека верзијата за „iPhone 6 plus“ може само да се плати, а првите испораки се очекуваат во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП