30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатени субвенциите на лозарите

Исплатени субвенциите на лозарите

lozar

Државата денаска целосно ги исплати субвенциите на лозарите.

Од Министерството за финансии информираат дека 13.767 лозари денеска добија 396 милиони денари и со тоа се завршени обврските за субвенции по оваа мерка.

На лозарите им се исплатени по 40.000 денари по хектар за одржување лозови насади.

Најголема исплата има во Кавадарци со 4.615 корисници на кои им се исплатени субвенции од 161 милион денари. Втор е Неготино со 3.000 корисници на кои им се исплатени 114,5 милиони денари, а трета е Гевгелија каде на 1.034 корисници им се исплатени 24 милиони денари.

Субвенции им исплатија и на лозарите од Валандово, Струмица, Штип, Свети Николе, Велес, Радовиш, Штип итн.

Лозарството учествува со околу 20 отсто од земјоделскиот БДП и дава еден од најважните производи во однос на извозната вредност на земјоделските производи во Македонија.

Владата на РМ, како што наведуваат во соопштението од Министерството за финансии, ќе продолжи и во иднина да го поддржува лозарството со субвенции, како и останатите гранки во земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП