27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПејџ и Брин ќе продаваат акции вредни 4.4 милијарди долари

Пејџ и Брин ќе продаваат акции вредни 4.4 милијарди долари

sergey-brin

Основачите на „Google“, Лари Пејџ и Сергеј Брин ги открија плановите да продадат акции од компанијата во вредност од 4.4 милијарди долари во следните две години, што ќе им остави малку простор за дополнителни продажби во иднина, без да биде нарушена заедничката контрола над компанијата, пишува „Financial Times“.

Плановите за продажба откриени во известувањето до регулаторите, а ќе ги остават основачите на „Google“ со едвај половина од акциите, кои ги поседуваа, кога ја направија компанијата јавна во 2004-та година. Нивниот вкупен удел сепак се уште ќе биде во вредност од речиси 45 милијарди долари.

Брин и Пејџ го контролираат „Google“ преку посебна класа на акции, кој им дава 54.6 отсто од правата на глас, иако економскиот интерес е само 13.1 отсто. По објавената продажба, нивниот контролен удел ќе падне до само 52 отсто.

Пред извесно време Брин и Пејџ беа принудени да се согласат да се продаде пропорционален удел од нивните акции во случај ако ја продадат вредноста од одделението „Ц“, кој беше издадено минатата година за финансирање на превземања и надоместоци во акции на вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП