25 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗToyota го покажа новиот Avensis (фото)

Toyota го покажа новиот Avensis (фото)

avensis 11

Први слики и информации за новиот „Avensis“ откри јапонската компанија „Toyota“. Седанот и караванот поминале низ ригорозна модернизација, а пред публиката ќе се појават на автосаемот во Женева.

Од фотографиите се гледа дека надворешноста на „Avensis“ добила најновиот дизајнерски јазик на брендот, демонстрирајќи нови предни и задни делови. За внатрешноста исто така се очекуваат видливи промени, но во моментот таа останува мистерија.

avensis 112

Со обновената трета генерација на седанот и караванот ќе се нуди и нова палета на мотори. Оваа информација е ограничена, а се споменува дека агрегатите се динамични, ефикасни и еколошки.

Оптимизации со цел за поголем комфор и повисока безбедност се правени во подвозје, а задниот дел на возилото е полесно.

avensis 113

Дизајнот на моделот е дело на студиото на „Toyota“ во Франција, додека технолошките промени биле доверени на истражувачкиот центар во Белгија.

Третата генерација на „Avensis“ се појави во 2009-та година, повторно на саемот во Женева. Три години подоцна караванот и седанот добија модернизација. Сегашните модели ќе бидат на пазарот барем до 2018-та година, но во моментов не е познато дали ќе добијат наследник.

avensis 114

Премиерата на новиот „Avensis“ ќе со одржи на 3-ти март во Женева, кога ќе бидат соопштени сите детали. Производство, кое ќе се одвива во Велика Британија, треба да започне пред почетокот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар