5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИХакери провалиле во 100 банки и украле милијарда долари

Хакери провалиле во 100 банки и украле милијарда долари

hakeri

Околу 100 банки и финансиски институции ширум светот се нападнати од хакери, при што се украдени милијарда долари, се тврди во најновиот извештај на фирмата за сигурност на компјутерите „Kaspersky Lab“.

Kaspersky Lab“ тврди дека во овие напади, кои почнле во 2013-та година и сè уште траат, украдени се милијарда долари.

Хакерската банда е составена од државјани на Русија, Украинa и Кина. Според истрагата на која работеле „Kaspersky“ заедно со Интерпол и Еуропол, нападите се случуваат во 30 земји и финансиски компании во Германија, Русија, САД, Кина, Украина и Канада.

Од „Kaspersky“ сметаат дека методите на оваа банда се нешто ново во хакерските кражби, каде всушност корисниците крадат пари директно од банка, избегнувајќи ги крајните корисници.

Бандата користела компјутерски вируси за да ја зарази мрежата на компаниите вклучително и видеонадзорот кој би можел да сними сè што се случувало на екраните на корисниците.

„Kaspersky“ тврди дека секоја кражба од банка траела меѓу два и четири месеци и секој пат биле украдени близу 10 милиони долари.

„Ова е многу професионална кражба“, вели првиот сигурносен истражувач на лабораторијата „Kaspersky“, Сергеј Голованов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП