4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМомчињата на Червар декласирани во Кил

Момчињата на Червар декласирани во Кил

metalurg-kil

Составот на Металург загуби од Кил со 35:16 (17:3) во натпреварот од претпоследното коло во А групата, во Лигата на шампиони.

Момчињата на Лино Червар држеа приклучок со фаворитот во првите осум минути кога рзултатот беше 3:3, а потоа до крајот на полувремето не постигнаа гола, а примија 14 и на полувреме Кил имаше огромни 17:3.

Трите постигнати гола во првите 30 минути се најмалиот број на голови кои еден тим ги постигнал во историјата на Лигата на шампиони.

Во второто полувреме играта на Металург, барем во нападот, беше нешто подобра и до крајот постигнаа 16 голови.

Металург со поразот од 19 голови е втор најфисок за клубот во ЛШ, пред девет години ‘металурзите’ од Фленсбург загубија исто така со 19 голови разлика (43:24).

Против Кил најефикасен во редвите на Металург беше Талевски со пет гола, додека Кил го предводеше Јиха со 11 голови.

Сезоната 2014/2015 во Лигата на шампиони, Металург ќе ја заврши наредниот викенд кога во Скопје ќе гостува Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП