15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва се најдобрите друштвени апликации за паметни телефони!

Ова се најдобрите друштвени апликации за паметни телефони!

apps 1

Светот на мобилните уреди е возбудлив и секој ден се појавуваат нови генијални апликации кои го олеснуваат животот на илјадници луѓе ширум светот.

Новите апликаци секој ден ги има се повеќе и повеќе. За секој проблем кој го имате постои „море“ од опции. Таков е случајот со друштвените апликации кои целосно ги променија навиките на милиони луѓе. Бидејќи е тешко без совет или тестирање да ги одвоите добрите опции од лошите, еве неколку проверени друштвени апликации, кои доколку не сте, би требало да ги тестирате.

„Wickr“

За оние кои придаваат големо значење на безбедноста на информациите, „Wickr“ e вистински избор. Оваа апликација ви овозможува пораките, фотографиите, видео снимките и сите видови на документи да ги испратите со максимална безбедност. Покрај опцијата документите автоматски перманентно да се бришат и можноста за поставување на датум за истекување на пораките, оваа апликација ги соединува сериозноста и слободното време. Интерфејсот е лесен за користење, а апликацијата е достапна за „Android“ и „iOS“.

apps 2

„Rundavoo“

„Rundavoo“ e мобилна апликација за договарање на друштвени активности со пријатели. Главна корист е тоа што се скратува времето за планирање. Било да е во прашање спонтана вечера или долгоочекувана забава, „Rundavoo“ ќе ве поштеди од безбројни телефонски разговори за да го договорите целото друштво. Како и „Wickr“, достапна е за веројатно двата најпопуларни оперативни системи, „Android“ и „iOS“.

„Google Hangouts“

Како што е обичај, производите на „Google“ ни нудат многу повеќе од што ни е потребно. „Hangouts“ служи за испраќање и примање пораки, фотографии, клипови и други мултимедијални фајлови, а може да снима видео или да воспостави гласовен повик, и тоа бесплатно! Kaко што е вообичаено со производите на „Google“, сите разговори се синхронизираат меѓу уредите кои ги поседувате. Едноставен и прегледен дизајн е заштитен знак на „Google“, па и тука е слична ситуацијата. Повторно оваа апликација можат да ја употребуваат корисниците на „Android“ и „iOS“.

apps 3

„Textra“

„Textra“ претставува елегантен начин да се допишувате. Со напредни можности за прилагодување и разни други опции, оваа апликација за „Android“ секој ден станува се популарна.

„LinkedIn“

Задолжителен додаток за секој модерен професионалец, „LinkedIn“ e апликација за друштвено поврзување која помага на многу начини. Градење на професионален бренд, создавање на бизнис контакти, информирање и преглед на отворени позиции се главните предности на оваа апликација. Со нејзина помош со текот на времето ќе изградите моќна мрежа, но и многу ефектно да се претставите себеси, своето искуство и достигнувања. Секој ден интефејсот на „LinkedIn“ се повеќе се прилагодува на своите корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП