22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle подготвува 2-во-1 Chromebook уреди

Google подготвува 2-во-1 Chromebook уреди

dva vo eden

Според истражувањето на „Digitimes Research“, „Google“ во текот на оваа година ќе ги претстави своите први 2-во-1 „Chromebook“ уреди. Станува збор за уреди со екрани на допир и монтажна тастатура, кои за „Google“ до крајот на првиот квартал ќе ги произведува тајванската компанија „Quanta Computer“.

Кога ваквиот уред се користи без тастатура, тој ќе има улога на таблет со оперативниот систем „Android“, a кога ќе се поврзе со тастатурата уредот станува „Chromebook“ преносен компјутер со оперативниот систем „Chrome OS“.

Уредите „Chromebook“ 2-во-1 на „Google“ претставуваат концепт за интеграција на два оперативни системи и соединување на апликациите во еден уред. Покрај 2-во-1 „Chromebook“ уредите, во текот на годината можеме да очекуваме слични уреди и од другите производители.

Како одговор на таквите уреди, „Microsoft“ ќе понуди 10.6-инчен „Surface“ 2-во-1 уред, како и поволна лиценца за 2-во-1 уреди со екран до 12.5-инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП