17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale отпушта 1.500 Руси

Societe Generale отпушта 1.500 Руси

Societe Generale131

Француската банкарска групација „Societe Generale“ ќе отпушти 1.500 работници во руските банки-ќерки, и тоа во „Rosbank“, „DeltaCredit“ и „Rusfinance Bank“.

Француската банкарска групација оваа одлука ја донела поради економските проблеми во Русија, кои негативно влијаат на профитабилноста на банкарското работење.

Во 2013 и 2014 година „Societe Generale“ веќе го намали бројот на вработени во Русија за 3.000 работници. Тогаш таквата кадровска политика беше објаснета со неопходната оптимизација на трошоците.

„Societe Generale“ во Русија во 2014 година забележа загуба од 497 милиони евра, во однос на нето добивката од 165 милиони евра во 2013 година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП