3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрокредит со платформа за развој и поддршка на нови бизнис партнерства...

Прокредит со платформа за развој и поддршка на нови бизнис партнерства во регионот

abb

ПроКредит Банка во рамки на својата развојно ориентирана мисија, на македонските бизниси со кои соработува, покрај финансиска услуга им нуди и дополнителна можност за развој на нови ригионални бизнис можности и партнерства.

Клиентите кои соработуваат со ПроКредит Банка имаат можност да остварат деловна соработка со бизниси од интерес преку серија на регионални бизнис средби помеѓу клиенти на ПроКредит банките во рамки на својата меѓународната групација. ПроКредит за бизнисите кои функционираат регионално нуди прилагодена услуга која ја олеснува работата со регионалните партнери и го поддржува отварањето на претсавништва на македоснки бизниси во регионот.

abb

Ваквите можности и финансиката услуга за поддршка на бизнисите беа дискутирани на регионалната средба во Приштина, помеѓу бизниси од Македонија, Албанија и Косово. Настанот беше организиран од ПроКредит банките од  Македонија, Албанија и Косова како дел од стратегијата за поддршка на развојот на локалните бизниси од трите земји.

На истиот присуствуваа над 100 компании кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на прехрамбени производи како и комплементарни бизниси како супермаркети, дилери на  машини, пакување и сл. Преку оваа средба ПроКредит Банка им даде на своите клиенти  можност да ги промовираат своите производи пред бизнисите од регионот и да запознаат нови партнери .

За овој настан и за сите бенефити кои ги црпиме од него, можам само да ја пофалам Прокредит банка . Поврзувањето е во интерес на развој на нашиот бизнис, и ова е една добра можност за да се запознаеме, да почнеме да соработуваме и на крај да направиме конкретни резултати. Денес благодарение на овој настан остварив неколку средби со компании заинтересирани за пласман на моите производи на пазарите во Косово и Албанија, а истовремено најдов луѓе кои можат да ми помогнат со нивни производи во мојот бизнис на малопрдажба во Македонија. Овој настан е доказ дека на Балканот има повеќе од доволно пазар, но под услов бизнисмените да знаат да го видат и искористат.’изјави Г-дин Абедин Мурати, Мољика, големопродажба и малопродажба на прехрамбени призводи од Тетово.

agg

Претставници на Управните Одбори на трите банки изјавија дека ПроКредит како специјализирана бизнис банка со силно регионално присуство има посебно развиена услуга погодна за фирми кои извезуваат, се во постојана активна потрага по нови партнерства, имаат или планираат да отворат свои претавништва во регионот. ПроКредит може да им понуди многу побрзи и поефтини трансфери, регионално финансирање на сите свои претставништва од една банка и пристап до бизнис контакти.

 “Овие настани ги организираме за поддршка на локалните бизниси.  ПроКредит Банка како активен поддржувач на бизнисите покрај финснсиска поддршка,  инвестира во нивна промоција и развој. На бизнисите кои учествуваа на овој настан им овозможивме да запознаат нови партнери, да пронајдат нови пазари за своите прозиводи и да го прошират своето работење во регионот. Услугата од ПроКредит Банка за ваквите бизниси е прилагодена да го поддржие нивниот регионален развој. Односот меѓу бизнисите е значаен за развојот на нашата економија и ваквите настани ќе продолжиме да ги организираме. “ – Изјави Емилја Спировска– Член на Управен Одбор на ПроКредит Банка Македонија.

acc

Вакви регионални средби од различни индустрии кои имаат потенцијал за регионална соработка ќе следат помеѓу бизниси во кој работи ПроКредит Банка-Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП