26 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНавигацијата Nokia Here за Android е целосно подготвена (фото+видео)

Навигацијата Nokia Here за Android е целосно подготвена (фото+видео)

nokia here1

Апликацијата за навигација „Here“ на „Nokia“ излезе од „бета“ верзијата и веќе може слободно за превземе за сите уреди со „Android 4.1“ или понов. Компанијата смета дека ги има отстрането сите грешки и ја пушти целосната верзија на „Here“.

Во неа има и некои иновации. Подобрени се интерактивните 3D мапи за трговски центри и големи аеродроми во 70 држави. Воведени се подобрувања и во говорните инструкции, па апликацијата може да дава и информации за причината за застојот во сообраќајот (овие податоци се достапни само во одредени земји, во кои „Here“ има пристап до нив).

nokia here2

Функцијата за симнување на мапи за пристап без интернет конекција, исто така има познати промени. Една од нив е дека мапите веќе можат да се повлечат во позадина, што му овозможува на корисникот да продолжи да ја користи апликацијата во тоа време.

Додадена се и повеќе информации за познати објекти, институции и продавници во близина на локацијата на корисникот. „Nokia“ забележува дека „бета“ верзијата на „Here“ е превземена од над 3 милиони луѓе. Компанијата има поголеми очекувања од целосната верзија на апликацијата и сака да ја претвори во еден од главните конкуренти на „Google Maps“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП