22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМајер подготвува голем број на откази во Yahoo

Мајер подготвува голем број на откази во Yahoo

Marissa_Mayer_BetaAP

Според зборовите на неколку извори запознаени со ситуацијата, денес без работа ќе останат многу луѓе во „Yahoo“, пренесува „Business Insider“.

Управата тоа го оправдува со организацијата или прегрупирањето на вработените, односно со реструктуирањето, а не како општо отпуштање на работници.

Сеуште не се знае точниот број на луѓе на кои намалувањата на работната сила се однесуваат, а се очекува дека намалувањата ќе бидат направени во неколку сектори.

Постојат сомнежи дека со ова намалување на вработените ќе бидат поштедени инженерите, а дека отказ ќе добијат дизајнерите, менаџерите во производството, потоа менаџерите во продажбата…

Од „Yahoo“ сеуште не дадоа официјално објаснување за оваа ситуација.

Извршната директорка на американскиот гигант, Мариса Маjер, е под притисок да ги намали трошоците на компанијата уште кога стапна на оваа функција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП