21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо 2014-та биле испорачани 720.000 Android Wear уреди

Во 2014-та биле испорачани 720.000 Android Wear уреди

p casovnik

„Canalys“ објави проценка за бројот на испорачани уреди засновани на „Android Wear“. Според аналитичарите, минатата година во светот се испорачани дури 720.000 примероци на паметни часовници кои работат на овој оперативен систем,

Исто така со оглед дека станува збор за проценка на испораките, очигледно е дека бројот на продадени уреди на крајните купувачи е уште помал.

Сепак, пазарот на носена електроника не е толку мал, а во текот на целата 2014-та година во светот се испорачани преку 6.4 милиони уреди од оваа категорија.

Од тој број уредите кои се засновани на „Android Wear“ сочинуваат околу 15% од испораките. Меѓу производителите на уреди со „Android Wear“ според испораките водечка е „Motorola“, додека општо „Fitbit“ е лидер според испораките.

Сега сите погледи ќе се насочат кон „Apple“ и лансирањето на нивниот паметен часовник. Се очекува дека по претставувањето на „Apple Watch“ пазарот на паметни часовници значително ќе се зголеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП