21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДостапен е Windows 10 за смартфоните (видео)

Достапен е Windows 10 за смартфоните (видео)

win 10 nova

На членовите на програмата „Windows Insider“ зa превземање им е достапен „Windows 10 for Phones“. Сепак, засега го поддржуваат само одредени уреди, а постојат и познатите проблеми со оперативниот систем.

Оваа надоградба во овој момент можат да ја превземат сопствениците на моделите „Lumia 630“, „635“, „730“ и „830“. Постарите и напредните уреди ќе бидат вклучени во програмата наскоро, а откако „Microsoft“ ќе воведе поддршка за просторот за чување на податоци во уредите.

Oд новитетите достапни во оваа надоградба се споменува позадинската слика на „Start“ екранот, повеќе достапни наредби во „Action Centеr“, можност за гласновно внесување на текст во било кое поле и напредна апликација за фотографии. Една од најинтересните нови можности се интерактивните известувања, како на пример да може веднаш да се одговори на примена порака, без потреба да се отвора апликацијата.

За пристап до програмата потребано е да се регистрирате на официјалната страна, да се превземе апликација на уредот и да се стартува надоградбата (доколку ги исполнувате потребните услови).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП