6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДефинитивно крај за MINI Coupe и Roadster

Дефинитивно крај за MINI Coupe и Roadster

Mini-Roadster-and-Coupe-0

По најавата дека пазарниот циклус на првата генерација на моделите „Coupe“ и „Roadster“ ќе заврши во 2015-та, „MINI“ и официјално објави дека го прекинува производството на своите два најмали автомобили, без најава дали тие би можеле да добијат наследници.

Од компанијата пристигна соопштение дека во фабриката во Оксфорд во исто време ќе престане производството на двата модели, но не е објавено кога точно ќе се случи тоа.

Сепак, со оглед дека „MINI“ нагласи дека сака да ги ослободи производните капацитети поради големата побарувачка на новите хечбек модели со 3 и 5 врати, па поради тоа се очекува „Coupe“ и „Roadster“ да престанат да се изработуваат што е можно поскоро.

Во јавноста веќе неколку години се шпекулираше дека „MINI“ има и премногу модели во понудата, од кои некои од нив се продаваат под очекуваното, а токму „Coupe“ и „Roadster“ најчесто се споменуваа како возила кои нема да ја дочекаат следната генерација.

На крајот и „MINI“ го призна поразот и одлучи да ги укине овие два специфични модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП