5 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако ги одбираме и за што ги користиме смартфоните?

Како ги одбираме и за што ги користиме смартфоните?

smar t

За што ги користиме смартфоните и какви нивни карактеристики најмногу цениме, се работите кои се менуваат многу брзо.

92% од корисниците ги користат смартфоните за слики и за испраќање на текстуални пораки, покажуваат резултатите од неодамнешното истражување. За сурфање на интернет, смартфоните ги употребуваат 84% од корисниците, а за испраќање на фотографии – 80%.

Пораки од своите мобилни телефони праќаат 76% од корисниците, додека за апликации се издвојуваат 69%. Најмалку смартфоните се користат за игри, а тоа го прават 64% од нивните сопственици.

Можностите за работа во 4G мрежата е најважната карактеристика на еден смартфон, тоа е важно за 47% од купувачите.

Сигурноста и издржливоста на уредот е втората најважна одлучувачка карактеристика за изборот меѓу 40% од корисниците.

Техничките параметри на камерата исто така се клучни, а тие се третиот најважен критериум при избор на смартфон. 36% од купувачите донесуваат одлука врз база на квалитететот на камерата.

Траењето на батеријата е едвај на четвртото место како важен услов при купување на еден уред или за 32% од купувачите.

Фактори со големо значење при изборот на паметен телефон се резолуцијата на екранот, внатрешната меморија, карактеристиките на процесорот и звучните можности.

Со најмалку значење при купувањето е можноста за работа со две картички, а тоа е важно за само 4% од корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП