3 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИKyocera има смартфон за европскиот пазар

Kyocera има смартфон за европскиот пазар

kyocera 35

Jапонскиот производител на мобилни уреди „Kyocera“ објави дека ќе влезе на европскиот пазар со својот паметен телефон кој се нарекува „Torque“.

Уредот напролет ќе започне да се продава на бизнис корисниците во Франција и Германија. Иако го има името на идентичниот телефон кој компанијата го престави на американскиот пазар пред две години, новиот уред нема никаква врска со него, всушност најмногу наликува на моделот „Brigadier“ кој компанијата го претсави минатата година.

Новиот „Torque“ нема да има екран од сафирно стакло, туку само 4.5-инчен екран со резолуција од 1.280×720 пиксели со кој може да се управува и со ракавици.

Внатре во уредот се наоѓа процесорот „Qualcomm Snapdragon 400“ со четири „Cortex-A7 CPU“ јадра на такт од 1.4 GHz , 1 GB работна меморија и незаменлива батерија од 3100 mAh. На задната страна се наоѓа 8-мегапикселна камера со „LED“ блиц, додека на предната стана е 2-мегапикселна камера.

По примерот на останатите телефони на компанијата и „Torque“ е водоотпорен преку „IPX6“ и „IPX8“ стандардите, како и отпорност на прав и удари. Цената на „Kyocera Torque“ засега не е објавена, но се верува дека ќе има цена слична на уредите од средната класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП