28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава е годишната плата на Бафет?

Колкава е годишната плата на Бафет?

Warren-Buffett2222

Генијалниот Ворен Бафет добива плата, како и сите што работат. Се разбира, тоа не е главен извор на неговиот приход.

Бафет добива годишна плата од 100.000 долари, а таа не е променета во последните 25 години. Со бонусите и надоместокот, сепак неговото богатство сериозно се зголемува, достигнувајќи околу 7.7 милиони годишно во 2006-та година.

Во голема мера годишниот приход на Бафет е врзан со претставувањето на пазарите. Богатството акумулирано во текот на годините е од добри инвестиции и се проценува на 74.4 милијарди долари во текот на изминатата година.

Ворен Бафет е главен акционер во фондот „Berkshire Hathaway“, кој е предводен токму од него. Тој е сериозно посветен на добротворноста, па затоа посветил голем дел од богатството на Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, насочена кон подобрување на здравјето и образованието.

Многу мал дел од богатството и имотот на Бафет ќе бидат оставени на неговите блиски и роднини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП