15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung ќе претстави смартфон со три заоблени краеви?

Samsung ќе претстави смартфон со три заоблени краеви?

zaobleni kraevi samsung

Најголемиот светски производител на паметни телефони – јужнокорејската компанија „Samsung Electronics“, планира да претстави два нови модели на саемот за електроника во Барселона во следниот месец.

Едниот од моделите се очекува да е со дисплеј кој ќе покрива три од краевите на мобилниот уред – предниот крај, како и левата и десната страна, според запознаени извори, кои посакале да останат аноними.

Смартфонот се очекува да е со 5.1-инчен екран со метално куќиште. Вториот модел, кој ќе биде претставен, исто така ќе е со 5.1-инчен дисплеј, а за него во овој момент се знае само дека ќе е со метално тело.

Samsung“ за прв пат претстави паметен телефон со заоблен дисплеј во изминатата година во лицето на моделот „Galaxy Note Edge“, кој ужива голем интерес од страна на корисниците.

Новите модели се очекува да се чекор понапред во развојот на моделите со заоблен дисплеј.

„„Samsung“ итно има потреба од модел кој ќе ја разликува компанијата од останатите производители на паметни телефони и да даде отпор на зголемената продажби на „Apple“ при уредите од највисока класа““, коментира Ли Хун, аналитичар во „HI Investment & Securities Co.“

„Иако компанијата продолжува да претставува нови евтини модели, во обид да го задржи пазарниот удел, највисоката ценовна класа е местото каде што се прави профит“, додава Хун.

Металните рамки на двата нови смартфони ќе се произведуваат од „BYD Electronic International Co.“

Компанијата е делумна сопственост на Фондот на Бафет – „Berkshire Hathaway Inc.“. Акциите на „Samsung“ загубија 1.7% од вредноста денес за време на трговијата во Сеул, додека акцијата на „BYD Electronic“ поскапеа за 4,6% во Хонгконг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП