7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeineken ја зголемил добивката за 11 отсто во 2014

Heineken ја зголемил добивката за 11 отсто во 2014

xeun

Холандскиот пивски гигант Heineken во средата извести дека нето добивката во минатата година му скокнала за 11 отсто, најавувајќи дека и натаму има намера да цели на клучните пазари во развој и покрај острите осцилации на глобалните пазари.

Нето добивката на компанијата е зголемена на 1,51 милијарди евра, со раст на прометот за 0,1 отсто, на 21,19 милијарди евра, покажува финансискиот извештај на третата по големина светска пивара.

Компанијата во чија сопственост се брендовите Heineken, Desperados, Affligem и Sol објави дека растот на продажбата на пиво продолжил во Мексико, Нигерија, Бразил и Виетнам, што делумно е поништено со слабата профитабилност во Полска и во Чиле.

„Heineken продолжува да инвестира во клучните пазари во развој и придодаде неколку нови држави, вклучително Етиопија, Камбоџа, Кина и Индонезија“, се вели во соопштението на компанијата со седиште во Амстердам.

Добивката на Heineken минатата година ја погоди и забавениот раст на етаблираните пазари, особено во Европа, каде лошите временски прилики и политичките превирања ја погодија продажбата. Падот на руската рубља, со паралелните ценовни притисоци во Полска, доведоа до 7,4-отстотен пад на прометот во источна и централна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП