24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМоделот Quant F веќе може да измине 800 километри со едно полнење...

Моделот Quant F веќе може да измине 800 километри со едно полнење (фото)

quant f

Компанијата од Лихтенштајн „NanoFlowcell AG“ ја претстави ажурираната верзија на својот електричен супер-автомобил „Quant F“. Возилото, чиј енергетски агрегат е резултат на истражување во областа на квантната хемија, ќе се појави пред публиката на авто-саемот во Женева во март.

Максималната моќност на четирите електромотори, поставени на секое тркало е 1090 КС, што е за 165 КС повеќе од претходната верзија на супер-автомобилот кој се нарекува „Quant E“. Покрај тоа, моделот доби две нивоа на автоматски менувач. Благодарение на нив максималната брзина на „Quant F“ веќе надминува 300 км/ч.

quant f1

Моделот добил подобрена карбонска каросерија, дозволувајќи повеќе простор во кабината, како и активен заден спојлер. Исто така е зголемена дистанцата која може овој автомобил да ја помине со едно полнење – од 600 на 800 км.

Електромоторите на „Quant F“ се полнат од посебна „flow cell“ батерија, употреблива и како горивни ќелии во која сепак не се одвива реакција меѓу кислород и водород. Инженерите на компанијата користат две јонски течности – една со позитивен полнеж и една со негативен полнеж. Тие се чуваат во два резервоари со вкупен волумен од 500 литри.

quant f2

Од „NanoFlowcell AG“ тврдат дека надворешноста на „Quant F“ целосно ги исполнува сите барања за хомологација на возилото, додека ентериерот – над 90%. Компанијата планира да одржи тестови на моделот во САД и Германија.

quant f3

За прв пат прототипот „NanoFlowcell Quant“ дебитираше пред година и тоа повторно на автосаемот во Женева. Во текот на летото, возилото ќе добие сертификат, кој му овозможува да се движи по јавните патишта на Европската унија.

quant f4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП