21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSkype зa Android доби нови можности

Skype зa Android доби нови можности

sk nova

„Microsoft“ објави нова верзија на „Skype“ апликацијата за „Android“ оперативниот систем. Новата верзија доаѓа со ознаката 5.2, т.е. покрај корекцијата на воочените грешки има и некои корисни функционалности.

Од оваа верзија е овозможено испраѓање на фотографии на лица кои во тој момент не се „online“, што во претходните верзии беше еден од клучните услови за испраѓање на фотографи. Откако лицето ќе биде „online“, фотографијата ќе се појави во историјата на разговорот, т.е. комуникација може без проблем да се продолжи. Кога сме кај разговорите треба да се спомене и брзото вчитување на истите, особено во случај кога на истиот пристап се доаѓа со помош на нотификации.

„Microsoft“ се посвети и на повиците, за кои истакннува дека квалитетот е значително подобрен, особено кај бавните врски. Неодамна е воведен и новитетот кој се нарекува „Picture in Picture“ кој му овозможува на корисникот задржување на мало видео на екранот за време на повикот, додека корисникот се движи низ останатите апликации во потрага на други информации.

Новата верзија е подготвена за да се најде во продавницата „Google Play“ и веќе би требало да биде достапна за превземање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП