2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го претстави 2-Series Gran Tourer со седум седишта (фото)

BMW го претстави 2-Series Gran Tourer со седум седишта (фото)

7 sedista trouer2

„BMW“ официјално го покажа својот модел „2-Series Gran Tourer“, кој го дефинира како „првиот во светот премиум компактен автомобил со 7 места“.

Новиот „BMW 2-Series Gran Tourer“ е изградена врз основа на „2-Series Active Tourer“ со пет седишта. Од својот „донатор“ новиот модел се одликува по продолжените задни врати, изменетиот дизајн на задниот дел и неговата решетката. Ентериерот целосно се повторува од внатрешноста на „2-Series Active Tourer“.

7 sedista trouer

Иако официјално е прогласен за компактно возило со 7 седишта, во базната верзија моделот располага со 5 места. Третиот ред седишта се нуди како опција. Во исто време „BMW 2-Series Gran Tourer“ доаѓа со еден од најголемите носачи во сегментот – при превземање втор и трет ред седишта, обемот на товарниот простор достигнува 1905 литри.

Палетата на мотори се состои од пет агрегати – два бензински со моќност од 136 и 192 КС, и три дизели од 116, 150 и 190 КС. Најмоќниот дизел мотор работи во комбинација со систем за погон на сите четири тркала и 8-брзински автоматски менувач. Ова е верзијата „BMW 220d xDrive“ која забрзува од 0 до 100 км/ч за 7.6 секунди и развива максимална брзина од 218 км/ч.

7 sedista trouer5

Се очекува во подоцнежна фаза компактниот модел да биде опремен и со хибриден агрегат, кој во моментов се развива од инженерскиот тим на „BMW“. Првично тој ќе биде поставен на „2-Series Active Tourer“, а подоцна ќе се нуди и за поголемиот модел.

Автомобилот нуди и широка листа со додатоци, меѓу кои кутија за багаж, решетката за велосипеди, ефектно осветлување на праговите со проекција на логото на „BMW“, дополнителни елементи за чување на ситни предмети, детски столчиња, дисплеи за задните седишта, стаклен покрив и друго.

7 sedista trouer1

Цената на новиот модел се уште не е официјално објавена, но се очекува таа да биде малку поскапа од „BMW 2-Series Active Tourer“. Во Германија овој модел може да биде купен за 27.200 евра.

7 sedista trouer4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП