2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпецијално за дамите Toyota го разубави моделот GT86 (фото)

Специјално за дамите Toyota го разубави моделот GT86 (фото)

gt86

„Toyota“ ја претстави специјалната верзија на купето „GT86“ која значително се разликува од стандардниот модел. Модификација го добила називот „Cb“ (Cool Beauty), затоа што треба да го привлече вниманието на дамите.

gt861

Верзијата „Cb“ се разликува од вообичаеното купе по заоблените фарови, полегантниот капак, браникот, решетката на ладилникот и уникатните дневни светла. Освен тоа е изменет делот со светлата против магла, па сега има три ленти со „LED“ диоди.

gt862

За основата на „Toyota Cool Beauty“ го користи истоимениот концептуален модел прикажан во 2013-та година на саемот во Токио. Според замислата на креаторите на машината, таа е наменета на прво место за дамите.

gt863

Разлики има и во задниот дел на возилото, каде постои нова и далеку посложена светлосна техника. Се гледа и масивен, но сепак елегантни заден спојлер.

gt864

Моторот на „GT86“ не е менуван. Под капакот останува 2.0-литарскиот атмосферски „боксер“ со моќност од 200 КС. Новата верзија може да се нарача и со 6-брзински мануелен менувач, но и со автоматски со ист број на брзини.

gt865

Во внатрешноста на возилото нема кардинални промени, но сепак се забележуваат неколку декоративни елементи, како и различен инструментален панел. Сите нови работи во возилото доведоа до зголемување на цената до 35.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП